Fiat Argo – автомобилот кој го посакуваат во Европа, но го возат само во Ј.Америка

ОБЈАВЕНО НА:

Добро е познато дека за различни пазарни региони автомобилските производители развиваат и продаваат посебни модели. Еден таков автомобил е моделот Argo на Fiat кој се продава исклучиво на пазарот во Јужна Америка.

За прв пат воведен во 2017 година, овој автомобил е во целост развиен во бразилската дивизија на Fiat. Се произведува во Бетин, во близина на Бело Хоризонте, а во понудата беше воведен како замена за Fiat Punto и Fiat Palio.

За разлика од седанската изведба која се продава под називот Cronos, овој автомобил е со должина од 3.998 мм, ширина 1.724 мм и висина од 1.501 мм. Меѓуоскиното растојание изнесува 2.521 мм.

Image result for fiat argo

Во понудата е достапен со три мотори. Тука е 1.0 и 1.3 литарските FireFly I3 мотори како и 1.8 литарскиот EtorQ I4 мотор.

Одличниот екстериер кој е уште попривлечен во Trekking изведбата и ентериер како комбинација на внатрешноста на Fiat 500X и Fiat Tipo, придонесува да овој автомобил е одличен избор на јужноамериканските купувачи. За тоа говори и податокот што само во Бразил минатата година се продадени 52.900 примероци.

Како дел од B сегментот, Argo за директни конкуренти ги има Chevrolet Onix, Ford Fiesta, Nissan March, Renault Sandero и Volkswagen Polo.

Interior Fiat Argo

Поради популарноста на малите градски автомобили, овој автомобил е многу интересен, а и посакуван во Италија. Токму поради тоа, вљубеници во Fiat автомобилите и покренаа петиција за воведување на овој автомобил во европската понуда, но засега FCA нема планови за такво нешто.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK