Dacia најавува новитети – наскоро новите Sandero, Sandero Stepway и Logan

ОБЈАВЕНО НА:

На интернет се појави кратко тизер видео со кое се најавува новата генерација на моделот Sandero. Покрај овој модел, романскиот производител наскоро ќе ги претстави и новите Sandero Stepway и Logan.

Актуелните генерации на овие модели се претставени уште во 2012 година, а во меѓувреме беа претставени и рестилизирани верзии на овие модели. Оттука, по цели осум години доаѓаат новите генерации на овие модели.

Од претходно е познато дека новата генерација на Sandero доаѓа на CMF-B платформата, наместо B0. Се очекува да биде со должина од околу 4.100 мм додека багажниот простор ќе биде со капацитет од околу 330 литри. Sandero Stepway исто така ќе биде на истата платформа, но нема да добие погон на сите четири тркала.

Во однос на моделот Logan, се знае дека ќе биде исто така направен на CMF-B платформата и со поголема должина од актуелната генерација. Капацитетот на багажниот простор оттука се очекува да биде нешто над 500 литри.

Премиерата на овие модели се очекува да се случи во наредните месец-два, а во продажба би се појавиле на почетокот на следната година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK