Citroen со нов модел за Индија – во продажба од следната година

ОБЈАВЕНО НА:

Citroen активно работи на новиот мал кросовер наменет за пазарот во Индија. Станува збор за модел кој го носи името C21 кој во моментов е во завршна фаза на тестирање.

Со овој субкомпактен кросовер, францускиот производител ќе конкурира на Kia Sonet, Hyundai Venue, Maruti Suzuki Vitara Brezza, Ford EcoSport, Tata Nexon и Mahindra XUV300 кои веќе бележат одлични продажни резултати на индијскиот пазар.

Познато е дека под хаубата C21 доаѓа со 1,2 литарски турбобензински мотор кој во моментов во Индија е веќе дел од понудата на Citroen Berlingo. Во понудата ќе биде достапен и со помоќниот 1,5 литарски дизелски мотор, а најмоќниот во понудата има 150 КС.

Моделот кој се базира на EMP1 платформата во продажба доаѓа следата година, а засега цената останува непознаница.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK