Citroen го враќа легендарниот Ami (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Францускиот производител го враќа називот Ami претставувајќи го концептот Ami One кој саемската премиера ќе ја има во Женева на 5 март.

Станува збор за концепт со 100 % електрична технологија со потенциран колоритен дизајн, а благодарение на формата и ултра-компактни димензии (2,5 м. должина, 1,5 м. ширина и 1,5 м висина) овој автомобил е идеален за густите градски средини.

Овој автомобил кој е тежок само 425 килограми има автономија од 100 километри, а во целост литијумско-јонската батерија може да се наполни за само 45 км/ч.

Во внатрешноста се сместени две седишта од кој совозачкото е фиксирано додека возачкото е мобилно и се придвижува на шини. Минималистичката внатрешност овозможува солиден простор и покрај малите димензии.

Називот Ami беше користен кај четиривратниот модел од B сегментот кој се произведуваше помеѓу 1961 и 1978 година. Во овој период беа произведени 1.840.396 автомобили, а покрај во Рен (Франција) производството се одвиваше и во Виго (Шпанија) и Буенос Аирес (Аргентина).

Следете не и на:

24AUTO NETWORK