C5 Aircross: СУВ од новата генерација

ОБЈАВЕНО НА:

Македонскиот импортер Автонова кој истовремено е импортер и за програмата на Citroen во Србија организираше регионална презентација на новите модели што ќе се продаваат, C5 Aircross и новото Citroen Berlingo.

Три години про промоцијата на концептот дојде новиот СУВ на Citroen под името C5 Aircross. Во мај лани беше промовиран на саемот во Кина, а потоа есента во Париз. Инаку овој модел иницијално беше создаден за пазарот во Кина. Откако во 2017 се продадоа 23.000 единици францускиот производител објави дека овој SUV ќе се продава во Европа произведувајќи се при тоа во фабриката на PSA Групацијата во францускиот град Рен.

Моделот C5 Aircross е најголем СУВ во понудата на Citroen и е позициониран над неговиот помал брат C3 Aircross. Најголемиот SUV во понудата на Citroen, C5 Aircross, се базира на истата платформа како и Peugeot 3008, Peugeot 5008 и Grandland X и оттука доаѓаат и сличните димензии како и кај овие модели односно должината изнесува 450 см, ширината 184 см, висината 167 см и меѓуоскино растојание од 273 см.Но, секако секој модел има своја различност, па токму затоа и Citroen C5 Aircross е поразличен од своите роднини.

Како носител на програмата Citroën Advanced Comfort® новиот C5 Aircoss SUV е најудобниот и најмодуларниот во својот сегмент, со две ексклузивни иновации на Citroën: потпирање со Прогресивни хидраучични перничиња® и седишта Advanced Comfort. Тоа се 3 независни седишта назад со можност за лизгање, преклопување и накосување. Best in Class во делот зафатнина на багажен простор, од 580 до 720l доколку седиштата се повлечени кон напред. Вистински SUV од идна генерација со 20 технолошки уреди за помош во возењето и 6 технологии за поврзување.

Можеби СУВ возилата не се наменети за возење на патека, но луѓето од Citroen и од Автонова сакаа д ан еубедат во неговите добри карактеристики, возни својства и да го потврдат сите или барем дел од 20-те технологии за помош во возењето. Во дел од нив се уверивме патувајќи од Скопје до Белград, па и по улиците на главниот град на Србија, а дел и на Навак патеката.

Highway Driver Assist претставува прво скалило кон независно автоматско возење каде возилото управува со брзината, со траекторијата и со неговата поставеноста во однос на коловозната лента. Заедно со прилагодливиот регулатор на брзина со функција Stop&Go гарантира запирање и стартување на возилото во зависност од возилото кое се движи пред него.
Напреднато препознавање на сообраќајните знаци ги препознава сообраќајните знаци за ограничување на брзина и ги прикажува информациите на дисплејот. Оваа брзина може да се одбере како репер за ограничувачот на брзина. Покрај знаците за ограничување на брзината, препознава и некои од сообраќајните знаци за сигнализација и ги прикажува на дисплејот (Stop / Еднонасочна улица/ Престанок на ограничување на брзината).
Автоматско менување на светлата на патот гарантира релаксирано и безбедно ноќно патување со автоматско менување на светлата при пресретнување на возило.

Со 4,50 m должина, се истакнува со моќниот и енергичен карактер без никакви нишки на агресивност. Го разбранува SUV сегментот, со широко и импозантно лице напред, високо поставен капак на моторот, флуидни линии со изразени графички елементи од стилот на Airbump® со вметнати обоени елементи, широки тркала со дијаметар од 720 mm и држење од подлогата од 230 mm, заштита долж каросеријата и на премините на тркалата, стилизирани двобојни носачи на покрив.

Новиот C5 Aircross SUV располага со подвижен панорамски покрив. Страничниот изглед е потенциран со издолжениот покрив на кој се надоврзува продолжена странична стаклена површина, акцентирана со хромираниот “C” потпис, кој го најавува огромниот патнички простор. Изгледот назад е широк и висок ја најавува зафатнината на багажниот простор (од 580 до 720 l). Светлата се составени од четири модули во 3D со LED на секоја страна од автомобилот.

Патничкиот простор на новиот C5 Aircross SUV е просторен и величенствен. Се истакнува по неверојатна просторност, но во ниту еден момент не занемарувајќи го функционалниот изглед. Се состои од моќна хоризонтално поставена командна табла.
Во видното поле на возачот на дигитален TFT дисплеј со димензија од 12,3” се прикажуваат избраните информации околу возењето.
Централата конзола е широка и поставена високо, а удобните седишта се со позија која овозможува доминација над патот, со избор на бои и материјали кои го надополнуваат чувството на заштита и префинетост во внатрешниот простор.

Новиот C5 Aircross SUV нуди гама на ефикасни и моќни мотори кои ги исполнуваат Euro 6.2 стандардите, со шестостепен мануелен менувач BVM6 или пак со осумстепен автоматски менувач EAT8:
2 бензински верзии: PureTech 130 S&S BVM6 и РureTech 180 S&S EAT8
3 дизел верзии: BlueHDi 130 S&S BVM6, BlueHDi 130 S&S EAT8 и BlueHDi 180 S&S EAT8.

Располага со најнова генерација на автоматски менувач EAT8, “Efficient Automatic Transmission” со 8 степени и команда Shift and Park by wire, која овозможува дополнителна ефикасност и уживање во возењето: Потрошувачката на гориво е намалена до 7% во споредба со EAT6 благодарение на двата дополнителени степени.

Повеќе информации околу цените и нивото н аопрема што ќе ги имаат моделит што ќе се продаваат во Македонија можете да добиете во Автонова.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK