Bugatti го покажа екстремистичкиот Bolide. „Дига“ над 500 км на час (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Денес, BUGATTI ги објави првите официјални информации за својот нов специјален автомобил наречен BOLIDE. Како што најави легендарната марка пред неколку дена, главниот фокус на автомобилот е на односот тежина / коњски сили, во овој случај тој е 0,67 килограми по коњ.

За Bolide, од Bugatti коментираat дека конечната одлука за производство сè уште не е донесена, но јасно е дека ова е навистина екстремен концепт, чија единствена примена би била на тркачката патека.

BUGATTI BOLIDE тежи само 1.240 килограми, а максималната моќност на осумлитарскиот мотор со 16 цилиндри во форма на W е 1.850 коњски сили. Компанијата коментира дека перформансите на болидот се споредуваат со перформансите на болидите во Формула 1, неговата максимална брзина е над 500 км на час.

Oд Bugatti велaт дека Bolide достигнува 100 км на час за 2,17 секунди, а 200 км на час за 4,36 секунди. И тука продолжува во истиот ритам, така што е на 300 км на час по 7,37 секунди, додека до 400 км на час за само 12,08 секунди од старт.

Теоретските пресметки на Bugatti не застануваат тука. Така тие велат дека нивниот болид е подготвен да издржи странично забрзување од 2,8 G, за да го комплетира кругот на Леман за 3:07,1 мин. Патеката на Нирбургринг овој автомобил ја минува за неверојатни 5:23,1 мин.

Bugatti BOLIDE

BUGATTI BOLIDE тежи само 1.240 килограми, а максималната моќност на осумлитарскиот мотор со 16 цилиндри во форма на W е 1.850 коњски сили. Компанијата коментира дека перформансите на болидот се споредуваат со перформансите на болидите во Формула 1, неговата максимална брзина е над 500 км на час.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK