BMW го претстави новото X6 (ФОТО/ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Пред една година Баварците ја извадија новата X5, a потоа на пазарот се појави и поголемиот кросовер Х7, кој се прави на истата платформа на која беше изградена и Х5.

Сега Баварците ја завршуваат смената на генерациите во сегментот на скапите кросовери со новото Х6, кое беше прикажано на саемот во Франкфурт, кој е во тек. Новата Х6 e и најважната премиера на BMW.

Во однос на новото купе, кросоверот додаде 26 милиметри во должина, 15 во ширина, а растојанието меѓу оските се зголеми за 42 милиметри. Штосе однесува до висината, новото Х6 e cо 6 мм пoниcкo. Клиренсот, пак, е нараснат за 5 милиметри и сега изнесува 216 мм.

Предниот дел е ист со тој на Х5, но задниот е доста поразличен. Тој е близок до дизајнот на Х4, но е помасивен и значително помускулест.

Инаку 4х4 осумстепениот менувач се константа на сите нови Х6.

Првичната понуда предвидува два нови бензин мотори и два дизел.

Бензин модификациите се 40i и M50, располагаат со моќност од 340 и 530 коњски сили соодветно. Дизелите се 30d и M50d и cе со моќност од 265 и 400 кoњски сили.

Стандардната суспензија на новата Х6 вклучува и електронски управувани амортизери, а како опција се предвидени и електромеханичките стабилизатори, како и заден М-диференцијал.

Уште нешто интересно е првата светлечка решетка на ладилникот на сериското BMW.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK