BMW ALPINA B8 Gran Coupe подготвена за деби (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ОБЈАВЕНО НА:

Одделот на BMW Group во САД ги рашири првите детали за новата BMW ALPINA B8 Gran Coupe, која ќе пристигне на пазарот на крајот на пролетта за цена од 139.900 долари.

Од BMW Group велат дека BMW ALPINA B8 Gran Coupe на своите идни сопственици ќе им понуди врвни параметри во однос на однесувањето на патот, динамиката и удобноста, спакувани во одлучувачки и убав дизајн пакет.

Моторот на BMW ALPINA B8 Gran Coupe е 4.4-литарски, V-образен, со осум цилиндри и ветува максимална моќност од 612 коњски сили, можност за забрзување од 0 до 96 км/ч за 3,3 секунди и поминување на класичната дисциплина „четврт милја“ за само 11,5 секунди. Максималната брзина на движење на луксузниот спортски бренд е 320 км/ч.

BMW ALPINA B8 Gran Coupe

Од BMW Group велат дека BMW ALPINA B8 Gran Coupe на своите идни сопственици ќе им понуди врвни параметри во однос на однесувањето на патот, динамиката и удобноста, спакувани во одлучувачки и убав дизајн пакет. Моторот на BMW ALPINA B8 Gran Coupe е 4.4-литарски, V-образен, со осум цилиндри и ветува максимална моќност од 612 коњски сили, можност за забрзување од 0 до 96 км/ч за 3,3 секунди и поминување на класичната дисциплина „четврт милја“ за само 11,5 секунди. Максималната брзина на движење на луксузниот спортски бренд е 320 км/ч.

BMW ALPINA B8 Gran Coupe, која е опремена со осумстепен роботизиран менувач кој се одликува со целосно нов спортски систем за издувни гасови пецијално равиен од ALPINA, модифицирана суспенија, ALPINA CLASSIC 21-инчни тркала, тематски исполнет сопирачки систем ALPINA, нови аеродинамични елементи и нов дизајн на ентериерот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK