Audi Q8 сега е plug-in хибрид (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Audi ги откри првите детали за најновиот додаток во модификациската понуда на моделот Q8- plug-in хибрид Q8 TFSIe quattro.
Audi Q8 TFSIe quattro, e седмата plug-in хибридна пазарна понуда на брендот, а ќе биде достапна во две верзии, со моќност од 462 коњски сили и 700 Нм (Q8 60 TFSIe quattro) и 381 коњска сила и 600 Нм (Q8 55 TFSIe quattro), кои нудат можност за поминување до 45 и 47 километри со чист електричен режим на работа.

Литиум-јонската батерија на Audi Q8 TFSIe quattro е интегрирана под подот на товарниот дел и е со капацитет од 17.8 kWh. При стандардни експлоатациски услови, електромоторот на хибридот испорачува 40% кон предните тркала и 60% кон задните, а доколку е потребно може да се достигне соодведно до 85% и до 70%.

Q8 60 TFSIe quattro ветува можност за забрзување од 0 до 100 км/ч за 5,4 секунди и електрично ограничена максимална брзина на движење од 240 км/ч, а при помалку моќна верзија – Q8 55 TFSIe quattro, соодветните показатели се 5,8 секунди и 240 км/ч.

Audi Q8 TFSIe quattro

Основната цена на Audi Q8 55 TFSIe quattro е определена на нешто над 75 000 евро во Германија, а таа на Q8 60 TFSIe quattro е 92 800 евра.  

Основната цена на Audi Q8 55 TFSIe quattro е определена на нешто над 75 000 евро во Германија, а таа на Q8 60 TFSIe quattro е 92 800 евра.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK