Audi A7L на официјални фотографии

ОБЈАВЕНО НА:

Германскиот производител Audi уште кон крајот на минатата година го најави продолжениот A7 за кинескиот пазар. Сега и официјално се појавија првите фотографии од овој модел.

Позициониран помеѓу A6L и A8L, A7L доаѓа со зголемени димензии кои гарантираат повеќе простор како за патниците, така и во однос на багажниот простор. Така во однос на класичниот А7 модел, овој е со 98 мм поголемо меѓуоскино растојание кое сега изнесува 3.026 мм и со вкупна должина од 5.076 мм.

Новитетот во понудата на Audi во Кина доаѓа со 3,0 литарски V6 мотор со плаг-ин хибриден систем кој продуцира 340 КС и 500 Nm обртни моменти. Погонот е на сите четири тркала, а во стандардната опрема доаѓа со седум степен автоматски менувач.

Се темели на MLB Evo платформата, а за производството ќе се грижи заедничката компанија SAIC-VW која овој модел ќе го произведува во фабриката близу Шангај. Во официјалното соопштение е наведено дека ќе биде лансирана и иницијална т.н. First Edition серија од само 1.000 примероци.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK