Audi A1 Citycarver на саемот во Франкфурт

ОБЈАВЕНО НА:

Речиси една година по премиерата на новата генерација на А1, најмалиот модел во поннудата на Audi, на саемот во Франкфурт беше претставена и т.н. Citycarver верзија.

Оваа верзија добива портокалова боја, но и елементи на екстериерот од Allroad верзиите на Audi. Тоа значи дека клиренсот сега е повисок за 40 мм во однос на стандардната верзија. Новитет се и алуминумски фелни, двобојната каросерија и малите измени на задниот браник.

 

Во однос на мотористиката истата ќе зависи од паазарот. Во понудата место ќе заземе 1.0 литарскиот бензински мотор со 114 КС како и помоќниот 1.5 литарски со 148 КС. Овие два мотори ќе бидат дел од понудата во најголемиот дел од европските земји, а останува непознато дали ќе биде понуден и дизелски мотор.

Во внатрешноста нема некои поголеми измени. Тука доминира 10.25 инчниот екран зад воланот кој исто така го среќаваме кај најновите модели на Audi и VW. Тука е и помалиот екран на допир преку кои возачот и сопатникот лесно можат да зададат најразлични команди, а исто така во целост, мултимедијално да ги интегрираат своите паметни уреди. Тука се и сите пропратни гаџети кои овозможуваат голема комфорност при патувањата, без разлика дали се на долги или кратки релации.

Нов детал е истата боја од каросеријата кој сега ја има околу менувачот и отворот за врата.

Заинтересираните купувачи уште од минатиот месец имаат можност да го нарачаат овој модел, а првите испораки ќе се случат оваа есен.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK