Alfa Romeo Tonale за преобразба на марката и со технологија од светска класа

ОБЈАВЕНО НА:

Сегментот на мали СУВ возила е во постојан пораст, и во него се вклучува и Alfa Romeo со моделот Tonale. Toa e првиот компактен СУВ на компанијата што ќе биде ривал на Audi Q3, BMW X1 и Mercedes GLA. Во понудата ќе има два конвенционални хибриди, плаг-ин хибрид, мотор со внатрешно согорување и сите спарени со автоматски менувачи, и во конфигурација со погон на предни тркала или на сите тркала.

Конечниот дизајн на Tonale е извонредно верен на концепт автомобилот од кој води потекло, благодарение на извонредната работа направена од страна на Алфа Ромео Style Center.
Наменет за млад, динамичен корисник, Алфа Ромео Tonale нуди препознатлив, сензуален и напреден дизајн, кој ги истакнува новите стилски канони кои ќе останат постојани точки во развојот на гамата на Алфа Ромео: тркала со 5 отвори, збирниот екран „телескоп“, спортскиот волан со три краци и синусоидни предни светла. Неговите компактни димензии – должина 4,53 метри, ширина 1,84 метри и висина 1,6 метри – ја опфаќаат уникатноста на италијанскиот дизајн и оригиналниот и модерен стил типичен за Алфа Ромео, во синтеза помеѓу скапоценото наследство и претходник на иднината.

Тука се стилските карактеристики кои се влезени во историјата на светскиот автомобилизам, како што е „GT Line“ што се протега од задниот до предниот фар, со што ги евоцира формите на Giulia GT и наизменично со полни и елегантни волумени, кои потсетуваат на иконските автомобили како што е 8C Competizione. На предниот дел се издвојуваат неповторливиот триаголник „Trilobo“ и штитот „Scudetto“ на Алфа Ромео, кој делува како центар на силата.

Предните светла „3+3“ со новите фарови Full-LED Adaptive Matrix го истакнуваат гордиот поглед на SZ Zagato или концептот Proteo. Развиени заедно со Marelli, трите модули сочинуваат единствена предна линија на автомобилот и во истовреме обезбедуваат дневни светла, динамичен трепкач и уред „ Welcome and Goodbye (Добредојдовте и збогум)“ (функција што се активира секогаш кога возачот го затвора или отвора автомобилот), обезбедувајќи најдобри услови за осветлување благодарение на воведувањето на две софистицирани технологии: „Adaptive Driving Beam“, која обезбедува континуирано прилагодување на соборените светла во зависност од брзината и специфичните услови на возење и технологијата “Glare-Free High Beam Segmented Technology”, која автоматски детектира сообраќај напред и/или во спротивна насока за да се избегне заслепување на возачите од другите автомобили; и конечно третиот модул кој автоматски се активира на свиоци за да се обезбеди најдобро странично осветлување. Овие технологии нудат поголема ефикасност – во смисла на траење и заштеда на енергија со двојно поголема емитирачка светлина во споредба со традиционалните халогени светла и помали емисии – и поголема безбедност, благодарение на намалениот напор на очите и подобрата удобност при возењето.

Задните светла ги имаат истите стилски елементи како и предните фарови и формираат синусоидна линија која целосно го обвива задниот дел на автомобилот, што сочинува навистина уникатен и препознатлив светлосен потпис.
Сензуалноста и динамиката на автомобилот се видливи и од заобленото задното стакло, кое оддава почит на 8C Competizione, како и од дизајнот на алуминиумските тркала кои го репродуцираат стилот на Алфа Ромео на „телефонското тркало“.
Инспирирани од тркачката историја на Алфа Ромео, ентериерот е дизајниран имајќи го предвид возачот, сите контроли се на дофат за безбедно и неспоредливо возачко доживување. Со иста грижа е осмислен просоторот за патниците којшто е идеален за удобно патување. Така е создадена средина дизајнирана за и околу патниците, која се карактеризира со прецизно внимание кон деталите и се надоврзува на постојаната потрага по највисок квалитет.
Внатрешноста на Tonale буди вистински емоции, без притоа да биде заборавена технолошката опрема од најновата генерација која обезбедува удобно доживување и го одржува секогаш на врвот задоволството од спортското возење.

ВРВНА ТЕХНОЛОГИЈА: ЗА АЛФА РОМЕО, СОФТВЕРОТ И ПОВРЗУВАЊЕТО ГО ПОДОБРУВААТ ДОЖИВУВАЊЕТО ВО ВОЗЕЊЕТО И ЈА ЗАШТИТУВААТ ОСТАНАТАТА ВРЕДНОСТ

Како светска ексклузива, технологијата NFT (Non-Fungible-Token – незаменлив токен), апсолутна новина во автомобилскиот сектор, дебитира на Tonale. Алфа Ромео е всушност првиот производител кој го поврзал автомобилот со дигитален сертификат NFT. Технологијата се заснова на концептот на „blockchain card“, таен и непроменлив дигитален регистар во кој се наведени главните информации за секој автомобил поединечно. Оваа препознатлива карактеристика off-board, за непосредна употреба и одржлива, го истакнува иновативниот карактер на Алфа Ромео. Врз основа на изборот на клиентот, NFT ќе пријави податоци за време на векот на користење на автомобилот, со што ќе генерира сертификат што може да се користи како гаранција за доброто одржување на автомобилот, со што ќе ја поддржи неговата преостаната вредност. На пазарот на половни возилиа, NFT сертификатот, всушност, ќе претставува дополнителен извор на кредибилитет на кој може да смета сопственикот/продавачот, додека купувачот ќе биде уверен во изборот на автомобилот.

Алфа Ромео ја толкува употребата на софтверот и поврзувањето за да ги подобри сетилата на возачот, кој е и останува во центарот Алфа Ромео. Поради ова, Tonale е опремена со најнапредната технологија за обезбедување на удобност при поврзувањето, одржувајќи го истовремено и задоволството, типично за возење на еден автомобил Алфа Ромео.
Меѓу најголемите новитети на Алфа Ромео Tonale е интеграцијата на функцијата за гласовна команда Amazon Alexa која овозможува да се доживее автомобилот “како да сте дома”, правејќи го уште поедноставен и со огромна удобност во секојдневното користење.
Интеграцијата со Амазон е комплетна: благодарение на “Secure Delivery Service” (Услугата за безбедна испорака), може да се изберете Tonale како место за испорака на дојдовните пакети, со отклучување на вратите за да му се дозволи на курирот безбедно да ги достави во автомобилот.
Исто така, можно е постојано да се добиваат информации за статусот на автомобилот од удобноста на домот, да се провери нивото на полнење и/или гориво, да се пребаруваат места на интерес, да се дознае последната позиција на автомобилот, да се испратат команди за далечинско заклучување, отклучување на вратите и многу повеќе. Дополнително, преку „Alexa“ може да се побара да се додадат производи на списокот за купување, да се пребаруваат ресторани во близина, да се прилагодат светлата или греењето преку домашната автоматизација, сето тоа без да се одвлекува вниманието од возењето.

Tonale во стандардна опрема нуди интегриран и целосно нов систем за информирање и забава којшто, благодарение на приспособливиот оперативен Android систем и 4G поврзувањето со надградбите „Over The Air“ (OTA), гарантира постојано ажурирани содржини, функции и услуги.
Овој систем располага со целосно дигитален 12,3″ екран, 10,25″ главен екран на допир и софистициран флуиден мултитаскинг интерфејс којшто овозможува сè да биде на виделина без да се одвлече вниманието од патот и гарантира искуство како “паметен телефон”. Со вкупна големина од 22,5“ двата големи Full TFT екрани на допир го претставуваат „најдоброто во класата“ во сегментот.

Технологијата исто така е во служба на безбедноста и удобноста: автономното возење е од ниво 2, со нови системи ADAS (Advanced Driver Assistance Systems) кои интервенираат по филозофијата на Алфа Ромео. Исто така, во овој случај, софтверот е во служба на ДНК-та на марката, каде возачот секогаш е во центарот. Затоа, сите системи интервенираат без воопшто да ги нарушат сетилата на возачот, кому му останува контролата и емоциите при возењето.

Системите ADAS вклучуваат “Intelligent Adaptive Cruise Control” (IACC) (Интелигентен адаптивен темпомат “ (IACC) и “Lane Centering” (LC) (Одржување во коловозна лента) и “Traffic Jam Assist” (Помош при застој во сообраќајот) – кои автоматски ја прилагодуваат брзината и траекторијата, одржувајќи го автомобилот во коловозна лента и на растојание од возилото пред него, со што се обезбедува безбедност и удобност. Други иновативни уреди и технологии со кои е опремена Tonale и кои ја подобруваат интеракцијата помеѓу возачот, возилото и патот се: ”Autonomous Emergency Braking” (Автономното кочење за итни случаи) којшто го предупредува возачот за опасност и го сопира возилото за да го избегне или ублажи судирот дури и во случај кога наидува на пешак или велосипедист, па системот „Drowsy Driver Detection“ кој го следи заморот на возачот и го предупредува во случај на потреба од одмор; потоа ”Blind Spot Detection” (Откривање на слепи точки), што ги детектира слепите точки одзади и сигнализира кога некое возило се приближува за да се избегне судир, па “Rear Cross Path Detection” (Откривање на возило кое се приближува од задниот дел), кое ги идентификува возилата кои се приближуваат од страна кога се движат наназад, како и задна камера со висока резолуција од 360° со динамична мрежа.

ВРВНА ЕЛЕКТРИФИКАЦИЈА, СО РЕШЕНИЈА ОСМИСЛЕНИ ДА ЈА ИСТАКНАТ ДНК-ТА НА МАРКАТА
Tonale го означува природниот влез на марката во светот на електрификацијата, која останува верна на својот став, Алфа Ромео дефинира парадигма: електрификацијата мора да биде во служба на марката и нејзината ДНК, со мисијата повторно да го измисли спортскиот дух за дваесет и првиот век.
Конкретна посветеност кон иднината ориентирана кон одржлива мобилност, која истовремено ја задржува вербата во основните вредности.

Две нивоа на електрификација, Hybrid и Plug-in Hybrid: хибридниот мотор Hybrid VGT (турбо со променлива геометрија) со 160 КС, исклучиво за Алфа Ромео, го има своето деби на Tonale. Бензинскиот мотор 1,5 со турбо со променлива геометрија во комбинација со седумстепен автоматски менувач со двојна спојка Алфа Ромео TCT со електричен мотор од 48 V 15 kW и 55 Nm „P2“ е во состојба да пренесува погон до тркалата дури и кога моторот со внатрешно согорување е изгасен. Алфа Ромео го избра ова техничко решение за да понуди автентично електрифицирано доживување. Менувачот овозможува стартување и движење во електричен режим при мали брзини, при паркирање и при возење во лер. Хибридната верзија од 130 КС е исто така достапна при лансирањето, секогаш во комбинација со седум-брзинскиот Алфа Ромео TCT со 48 V „P2“ електричен мотор.

Врвот на перформансите е гарантиран со ексклузивниот Plug-in Hybrid Q4 со 275 КС, кој постигнува забрзување од 0-100 km/h за само 6,2 секунди и автономија, во чисто електричен режим, предвидена до 80 km* во градски циклус (над 60 km* во комбиниран циклус), најдобар во класата во сегментот. Погонот Q4, стандарден за Plug in Hybrid моторот, гарантира неспоредливо ниво на безбедност и задоволство при возењето.
Новиот 1,6-литарски дизел мотор со 130 КС и вртежен момент од 320 Nm ја комплетира гамата на мотори, во комбинација со 6-брзински автоматски менувач со двојна спојка Алфа Ромео TCT и погон на предните тркала.

КОРИСНИКОТ Е ВО ЦЕНТАРОТ НА УНИВЕРЗУМОТ НА АЛФА РОМЕО: КВАЛИТЕТ НА ПРОИЗВОДОТ И УСЛУГИТЕ
Со Tonale Алфа Ромео лансира серија нови услуги, кои го редефинираат доживувањето на патниците кои ќе го опфатат целиот асортиман на марката.
Дигитално искуство: корисникот ќе може да го реализира своето онлајн купување од удобноста на својот дом во три едноставни чекори, со пристап до интерфејс идентичен на оној достапен кај продавачот.

Продолжена гаранција: Благодарение на непрекинатите напори за подобрување на квалитетот на финалниот производ, достапна е иновативна продолжена гаранција на Алфа Ромео, која го продолжува времетраењето на заштитата на главните делови на возилото до 5 години. Понатаму, што се однесува до батериите на хибридните верзии на Tonale, гаранцијата е продолжена до 8 години или поминати 150.000 км, со што се создава најдобра понуда во сегментот.

Алфа Ромео Certified пак, е понуда наменета за купувачите на половни автомобили и има за цел да обезбеди доживување на купување идентично со она на нов автомобил. Ова се главните карактеристики на услугата:
– Гарантно покритие еквивалентно на она на нов автомобил
– „Задоволен или парите назад“, во рок од 10 дена или 1.000 км
– Без трошоци за одржување, за поминати 15.000 км или 1 година
– 120 проверки на возила
– Персонализирани услуги во потпродажба и финансирање
– Тест возење
– 24h/24h помош на пат во Европа за време на гарантниот период
Алфа Ромео Videocheck е услуга од постпродажбата, која ја нуди Алфа Ромео притоа размислувајќи за посебниот однос што нејзините купувачи го имаат со нивниот автомобил. Единствена цел: квалитет на услугата и транспарентност кон клиентите. Доколку на автомобилот примен во сервис му се потребни дополнителни интервенции во однос на договорените со корисникот, преку постапка преку мобилна апликација, надлежните сервисери ќе треба да ги потврдат со видео придружено со соодветните трошоци за поправка. Корисникот ќе може слободно да ја прифати, целосно или делумно, или да ја одбие новата понуда.

ДИНАМИКА НА ВОЗЕЊЕ, НАЈДОБРА ВО КЛАСАТА, БЛАГОДАРЕНИЕ НА ПОСВЕТЕНИТЕ ТЕХНИЧКИ РЕШЕНИЈА
Tonale се наметнува како референтна точка во сегменот во однос на динамиката на возење. Обезбедува беспрекорно однесување динамично однесување, како спортски автомобил, како што го прикажуваат најдобрата распределба на тежината и најдиректниот управувач во сегментот (13,6), како и тоа што е единствен модел во категоријата, опремен со Integrated Brake System (IBS) (Интегриран систем за кочење) и кој предлага фиксни алуминиумски лопатки. Придонесува за најдобри перформанси на кочење кои имаат фикни клешти by Brembo со 4 клипови и самовентилирани дискови напред, како и цврсти дискови одзади. За Tonale е избрана шемата за суспензија MacPherson, целосно независна, со амортизери FSD (Frequency Selective Damping). И за дополнително да ги подобри своите исклучителни квалитети на држење на пат, дури и на терени со ниско прилепување до тлото, новата Tonale нуди две решенија: Q4 погон на сите тркала за Q4 Plug-in Hybrid верзијата и погон на предните тркала за верзиите Hybrid и Diesel. Вториве се опремени и со самоблокирачки електронски диференцијал Алфа Ромео. Понудата е комплетирана со активната суспензија „Dual Stage Valve“ со електронски контролирана амортизација. Накратко, зад воланот на новата Tonale, значи да се доживее привлечно возачко патешествие кое кани на патување, без оглед на дестинацијата до која треба да се стигне.

НОВА ЛОГИКА НА ГАМАТА
Алфа Ромео Tonale воведува нова логика на гамата што ја олеснува конфигурацијата избрана од страна на купувачот. Всушност, достапни се две нивоа на опременост – Super и Ti – секоја со добро дефинирани карактеристики кои ги задоволуваат потребите и на најпребирливите клиенти. Нивото на опременост Super, е влез во уникатното доживување на Алфа Ромео, може да се надгради со додавање на пакетот Sprint, кој вклучува бројни опционали со силна спортска конотација. За разлика од ова, нивото на опременост Ti, ја подобрува елеганцијата и препознатливиот карактер на Tonale, и може да се надополни со пакетот Veloce за да се постигне максимум во однос на спортските перформанси.

Алфа Ромео Tonale се произведува во реновираната фабрика „Џианбатиста Вико“ на Стелантис која се наоѓа во Помиљано д’Арко (Неапол) – една од најнапредните производствени фабрики на Групацијата – на обновена производна линија посветена на новиот модел Алфа Ромео, со многу модерна монтажна единица која е специјално создадена. Дизајнирана во 1968 година од Алфа Ромео и оперативна од 1972 година, индустриската локација досега има произведено над 5 милиони автомобили и освоено бројни меѓународни награди, вклучувајќи ги: во 2012 година сребрениот сертификат за производство од светска класа Silver del World Class Manufacturing (WCM) и наградите Automotive Lanе Production за најдобра автомобилска производна лента во Европа, додека следната година го доби златниот медал и нивото “Gold” доделено од WCM. Потоа, минатата година беше предмет на обнова „од корен“ за да се соочи со предизвиците на иднината, за што сведочи усвојувањето на најиновативните технологии за создавање на хибридни автомобили, заштита и обука на луѓето и почитување на животната средина.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK