Новитe Citroen C1, Toyota Aygo и Peugeot 108 доаѓаат во електрична изведба

ОБЈАВЕНО НА:

PSA Групацијата и Toyota кои од 2005 година во својата чешка фабрика заедно ги произведуваат своите модели во сегментот на мини автомобили ги објавија своите планови за иднината.

Според изјавите на Линда Џексон, претседателката на Citroen и првиот човек на Toyota Europe Ван Цил, двете компании работат на новата, трета генерација на C1, Aygo и 108, а истите во сериско производство се очекува да се појават во текот на 2020 година во фабриката во Колин, Чешка.

Она што го откри Линда Џексон е дека овие автомобили ќе дојдат и во електрична изведба пред се поради трендот на депопуларизација на овој сегмент на Стариот континент. Според неа, овој, некогаш најпопуларен сегмент во Европа е во пад, а токму електрификацијата на автомобилите може повторно да го оживее.

Со оваа трета генерација, од компаниите се надеваат дека ќе успеат да ја надминат италијанската доминација во овој сегмент каде предводници се Fiat 500 и Fiat Panda, како и германскиот адут Volkswagen Up кој е трет најдобро продаван модел во овој сегмент.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK