Новиот SL на Mercedes-Benz ќе биде прекрасен автомобил

ОБЈАВЕНО НА:

Иако во Mercedes-Benz не можат да се пофалат со голема продажба на моделот SL се верува дека новата генерација ќе донесе далеку подобри резултати. Новиот автомобил е веќе во развој, а е под називот 2017MY. Тоа е потврдено од компанијата, а се вели дека се работи на новата генерација на SL и дека планот е да се направи одличен автомобил.

„Во минатото постигнавме добри резултати и SL имаше добри перформанси на пазарот. Нашата цел сега е да успееме да бидеме далеку подобри“, велат од Mercedes.

Засега не се откриваат детали за новиот луксузен автомобил. Сепак, од она што е познато досега се смета дека новата генерација би требала да се појави на сцена во 2021 година. Се вели и дека новата генерација на SL ќе се развива заедно со втората генерација на AMG GT, која се очекува да пристигне една година подоцна и да биде поспортски модел од сегашниот.

Се очекува да биде понудена и електрична верзија, а има информации дека е можна и хибридна варијанта. Под хаубавта на новата генерација на SL би требало да се најде битурбо 4.0-литарски V8 мотор, додека за AMG GT засега нема прецизни вести.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK