Новиот пикап на Land Rover ќе биде со две врати

ОБЈАВЕНО НА:

Во текот на 2018 година Land Rover планира да ја покаже целосно новата генерација на легендарниот џип Defender. Тоа ќе биде во рамки на празнувањето на 70-годишнината на офроуд. Според прелиминарните податоци, Британците подготвуваат и пикап верзија на возилото, која ќе биде видена во 2020 година. Таа ќе се базира на Defender. Ќе биде со долго растојание меѓу оските и ќе има доста голема можност за носење на товар.

За разлика од Mercedes-Benz, кој го продава првиот пикап во историјата на X-Class само со пет врати, Land Rover планира дa го предложи пикап возилото во конфигурација со две врати.

Според добро запознаени, за инженерите на фирмата е далеку полесно да се прилагодат на шасијата на Defender за пикап со две врати и тоа е причината да не биде виден модел со пет врати. Идентично на X-Class, Defender пикап ќе се нуди во неколку разлини верзии. Ќе има од работен камион до луксузна верзија

Следете не и на:

24AUTO NETWORK