Новата Kia Sportage во продажба во Македонија – со цел да остане бестселер

ОБЈАВЕНО НА:

Кога ќе се спомене Kia секогаш се мисли на Ceed и секако на Sportage. Корејската компанија сега ја нуди петтата генерација на познатиот СУВ моделот на пазарот каде секако веќе постави стандарди и е бестселер. Новата петта генерација на Sportage сега е веќе достапна и на македонскиот пазар преку Киа Македонија. Импортерот се пофали дека лани Sportage имал дури 45 отсто од пазарниот удел во класата на компакни СУВ модели. Тоа е бројка за почит.

Она што го понуди претходникот сега наследникот ќе треба да го продолжи, а тоа е пред се добрите продажни бројки. Со нова платформа, нови мотори, технологија, целосно нови дизајнерски решенија – тоа се адутите со кои купувачите ќе бидат и задоволни и привлечени.

Задржувајќи атрактивен надворешен изглед, должината на новиот Sportage е за само 6 см. поголема, а зголемените димензии за за 1 см. во ширина и височина. Визуелниот изглед дава чувство дека се работи за многу поголем модел. Острите линии и драматичните пресекувања на површините наговестуваат целосно нов пристап во претставувањето на напредната технологија.

На самиот почеток, понудата се состои од турбо мотори со запремина од 1,6 литри. Бензинците ќе ослободуваат 150 односно 180 КС, додека дизелите впрегнуваат 115 или 130 КС. За преносот на предните или сите четири тркала ќе се грижат 6 степенски мануелец и 7 степенски автоматик со двојна спојка.

Квалитетот на изработката гарантиран со 7-годишна грижа, како и традиционално богатата опрема, сега додатно се збогатени.

Слично како и кај другите производители, сите новитети носат и зголемување на цената. Најголемиот предизвик за Киа ќе биде да ги убеди клиентите дека сега ќе мора да одвојат најмалку 24.900 евра. Се разбира за повеќе опрема ќе треба и повеќе пари. Но, за квалитетот вреди да се плати.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK