Нова студија: Повисоките возила се поопасни за пешаците

ОБЈАВЕНО НА:

Како што се зголемуваат брзините, се зголемува и веројатноста за сериозна повреда на пешаците, но, ако возилото е повисоко, резултатите се уште полоши...

Студијата објавена од страна на Институтот за осигурување за безбедност на автопатите (Institute for Highway Safety I-IHS) покажува дека повисоките возила имаат поголема веројатност сериозно да ги повредат пешаците при удар.

Истражувачите анализирале 202 несреќи на пешаци и откриле дека како што се зголемувала брзината на возилото, растела и веројатноста за сериозна повреда на пешаците. Тоа не е изненадување. IIHS, исто така, откри дека ризикот од сериозни повреди бил зголемен кога возилото имало повисок преден дел.

„Мало зголемување на брзината на сударот навистина може да ја зголеми опасноста за пешаците“, рече претседателот на IIHS Дејвид Харки во изјавата. „Нашата наклонетост кон високите SUV и pick up возила во САД го засили тој ефект.

 

IIHS наведува еден пример кој покажа дека кога брзината се зголемува од 15 (24 km) на 35 милји на час (56 km/h), ризикот од сериозна повреда скока од 9 проценти на 52 проценти. Но, кога станува збор за повисоко возило – IIHS користи pick ip со средна големина за овој пример – тој број се искачува од 11 проценти на 91 проценти. Тоа е огромен пораст.

Според IIHS, овие наоди сугерираат дека сегашното ограничување на брзината од 25 милји на час (нешто над 40 km/h) што вообичаено се користи во станбените населби и центрите на градовите може да биде превисоко. Њујорк во октомври потврди дека планира да ги намали ограничувањата на брзината на некои од патиштата до 20 милји на час (малку над 32 km/h), фокусирајќи се на улиците во близина на училиштата и заедничките патишта.

Резултатите од оваа студија се совпаѓаат со претходната студија објавена од IIHS во ноември 2023 година, која сугерираше дека возилата со вертикални, поистакнати  предни краеви се посмртоносни за пешаците.„Оваа студија е живописна илустрација за тоа како повеќе фактори – во овој случај, брзината и висината на возилото – се спојуваат за да создадат негативни резултати на патот“, додаде Харки.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK