Да се најде добро сочуван автомобил од времето на СССР и што исто така се продавал во земјите од источниот блок не е лесно. Но, сепак во денешните земји кои некогаш припаѓаа на најголемата држава во светот може да се пронајдат и возила кои не само што се добра состојба, туку некои и се навистина одлични, речиси нови.
Една таква „нова„ Lada е понудена на продажба. Тоа е моделот ВАЗ-2106, а интересното во тоа е што нејзината километража е само 754 километри. Сепак, цената што продавачот ја сака за неговата Lada е 3,8 милиони рубли – сума еднаква на приближно 44.000 евра
Моделот е произведена во 1987 година и оттогаш е во сопственост на само еден сопственик. Друга интересна работа за овој автомобил е тоа што во текот на неговиот 34-годишен живот се чувал во сува и топла гаража.
Сите фабрички компоненти за моделот се во автомобилот. Автомобилот се наоѓа во Казахстан, во градот Алмати. Под хаубата на овој ВАЗ-2106 е поставен 1,5-литарски бензински мотор со капацитет од 72 КС.
Прашање е дали некој ќе ја плати сумата што се бара.