И додека на еден крај од светот се тестира летечко такси, на другиот се работи на такси кое ќе вози низ улиците без возач. Тоа е дело на францускиот производилите на автоматски автомобили, Navya, а наскоро ќе има и резултати од комплетниот проект.
Autonom Cab чини окоу 250.000 евра и може да се движи по патиштата со помош на „предвидлив сообраќај“.
Во автомобилот има место за шестмина, а во него нема ниту волан ниту педали.
Има врата само на десната страна. За придвижување на возилото се грижи електромотор со моќност од 15 kWt (20 кс) кој дозволува достигнување на брзина од 90 километри на час. Тоа одговара во повеќето градови низ Европа со оглед на тоа што максималната брзина на движење на пример низ Париз е 50 километри на чаз.
Во другите француски градови, но и во Австралија ќе има тестирања следната година напролет. Секој што сака ќе има можност да се вози гратис во таксито без шофер.