Nissan Leaf веќе има 10.000 резервации, а само што почна производството

ОБЈАВЕНО НА:

Не се поминати ниту два месеци откако Nissan објави дека може да се примаат порачки за новиот Nissan Leaf,  а на нивна адреса и тоа само во Европа веќе стигнаа 10.000 резервации. Оваа бројка е вистинско изненадување особено ако се знае дека сериското производство стартуваше пред само неколку дена.

Од Nissan велат дека се презадоволни од огромниот интерес за новиот Leaf.
„Nissan Leaf не е само нова генерација на електрично возило. Тоа е икона на интелигентната мобилност на Nissan во Европа“, вели Герет Дансмор, кој е шеф на одделението за електрични возила на Nissan во Европа.

Европскиот Leaf се произведува во Сандерленд во Британија, а првите купувачи ќе успеат да ги добијат автомобилите на почеток на 2018 година. Официјалната продажба стартува во февруари кога и ќе бидат транспортирани првите возила во Европа.

Nissan Leaf е опремен со батерија од 40 kWh, а таа овозможува со едно полнење возење од 378 километри. Моторот има сила од 150 коњски сили, а од 0 до 100 км/ч може да стигне за само 8,6 секунди. Цената на овој модел почнува од 31.500 евра, а ќе зависи од опремата која што ќе биде порачана.

Leaf има стандардна тригодишна гаранција на сите компоненти на возилото, а пет години на електричните компоненти. Осумгодишната гаранција важи за капацитетот на батеријата со тоа што стои дека во рок од осум години капацитетот на батеријата не смее да биде помал од 9 до 12 линии кои ја покажуваат наполнетоста на батеријата на дисплејот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK