Nissan и Toyota се скараа околу потрошувачката на гориво

ОБЈАВЕНО НА:

Од Nissan веруваaт дека хибриден RAV4 не троши 4,7 литри на 100 километри

Еден од адутите на секој производител при промоцијата на своите возила е потрошувачката на гориво. На тој начин се покажува неговата економичност и се споредува со конкуренцијата. Но, компаниите знаат често и да се конфронтираат и да имаат спротиставени ставови околу тоа, дали нивните возила навистина трошат околку гориво како што е декларирано.

Темата за економичноста на горивото е огромна и често тема на дебата, без разлика дали се работи за објави на социјалните мрежи, собир на автомобилски настан, па дури и разговори меѓу високи директори во некои од најголемите автомобилски компании. Доказ за тоа е расправијата меѓу Nissan и Toyota, во која главна тема е токму потрошувачката на гориво помеѓу два слични кросовери Nissan X-Trail и Toyota RAV4.

Хибридот на Nissan X-Trail користи систем со бензински мотор чија единствена цел е полнење на батеријата, кој сам по себе ги движи електричните мотори. Според официјалните бројки, овој модел троши 6,1 литри на 100 километри.

Во исто време, хибридна Toyota RAV4 со традиционален тракт, комбинирајќи бензински мотор и електричен мотор, постигнува потрошувачка од 4,7 литри на 100 километри според официјалните податоци.

Се чини дека тоа не е точно, според Александар Пекањац, продукт менаџер на Nissan Австралија за X-Trail. “Мислам дека потрошувачката на гориво е специфична тема. Ќе оставиме на вас да го направите тестирањето во реалниот свет. Но, од многу написи што ги видов за RAV4 Hybrid, не можете да стигнете до 4,8 ( литри на сто километри), изјавил тој, цитиран од Carsguide.

Nissan продолжува да тврди дека системот e-Power обезбедува супериорно возачко искуство. Според Адам Робертсон, заменик директор на Nissan Technical Center Europe, X-Trail вози „Повеќе како електричен автомобил и од нашето искуство со електричните автомобили знаеме дека клиентите го сакаат тоа“.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK