Никаде без мојот автомобил!

ОБЈАВЕНО НА:

Пандемијата со Ковид 19 го направи потежок животот на многу луѓе. Сепак, едно нешто кое е очигледно, а не стигнало до криза е љубовта кон автомобилите. Не само што оваа љубов не настрада туку напротив, веќе е очигледно дека нештата станаа уште поинтимни, како што покажува и една анкета направена од „AutoScout24“.

Тоа се гледа сосема јасно од бројките – 82 проценти од анкетираните велат дека во сегашната ситуација не можат да поминат без сопствениот автомобил. Една од основните причини за ова во моментов е што многумина сметаат дека сопствениот автомобил е најбезбедното средство за транспорт во времето на пандемијата.

Покрај тоа 68 проценти се убедени дека сопствениот автомобил станал поважен. Во моментов истиот број (69 проценти) го избегнува локалниот јавен транспорт. Сепак, секој втор човек (53 проценти) исто така избегнува повеќе автомобили под наем и системите за споделување на возила.

И уште нешто – во споредба со претходната година се докажува дека желбата за нов автомобили или нов половен автомобил се зголемила. Во претходната анкета 58 проценти изјавуваат дека сакаат да си купат нов автомобил, а според сегашното истражување, тие се веќе 70 проценти. Најверојатно овој процент ќе продолжи да расте.

Бројот на одложени набавки исто така се има намалено. Во претходното истражување, 31% велат дека претпочитаат да го одложуваат купувањето на автомобилот за после кризата со Ковид 19, додека само 21% претпочитаат да купат подоцна.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK