Бендот Next Time ќе го промовира најдоброто од хибридната технологија од францускиот производител во согласност со новата глобална стратегија за промовирање на 100% електричниот опсег на Renault E-Tech.
„Новиот Renault Austral не освои со неговата целосна убавина, комфортност и прилично добра економичност на трошење. Ние како артисти сме изложени на многу патувања и настапи и потребно беше да имаме возило што ги исполнува сите услови кој ги бара едно патување. Надворешниот дизајн на Austral според нас е донесен до перфекција како и ентериерот кој е доведен до совршенство. Навигацијата што е исклучително важна за луѓе кои често патуваат е според нас перфектна. Задоволство е да се соработува со компанијата Аутомотив Груп како генерален импортер на брендот.” – изјави Мартин Филиповски
.
Renault започна амбициозна трансформација која генерира вредност преку електрификацијата на својата палета на производи.
Преку неговиот дизајн, приспособувањето на моторот и другите карактеристики, целосно новиот Austral ги истакнува силните страни на Renault во производството и технологијата:
✔100% Хибрид без потреба од полнач на струја;
✔Силуетата на целосно новиот Austral е видливо атлетска – спортска во верзијата „Esprit Alpine“;
✔Првиот модел во гамата на Renault што ги користи сите предности на новата CMF-CD платформа на Алијансата;
✔Мултимедијален систем OPENR – 774 cm2 интуитивна технологија;
✔Врвен звук Harman Kardon – технологија со опкружувачки звук со 12 звучници;
✔Клиентите можат да изберат од новиот E-TECH Hybrid мотор (до 200 КС), нов 48 V Mild Hybrid Advanced мотор (130 КС) или 12 V благ хибриден мотор (140 КС или 160 КС). Сите овие опции доаѓаат со технологија за електрификација и еколошки карактеристики дизајнирани за максимална енергетска ефикасност, комбинирајќи уживање во возењето со намалена потрошувачка и емисија на CO₂;
✔Напредна технологија 4CONTROL Advanced;
✔Инкорпорира 32 напредни системи за помош на возачот (ADAS).
Стратегијата на брендот како и интегритетот и стандардите кон кои стреми бендот Next Time комплетно соодетствува со целосно новиот Austral – SUV кој одговара на постојано растечката побарувачка за патување без ограничувања, истовремено заштитувајќи ја животната средина.