Нема криза за Lamborghini – рекордна продажба во првата половина од годината

ОБЈАВЕНО НА:

Уште еден доказ дека коронавирусот немаше влијание врз милионерите е и продажбата која ја оствари Lamborghini во првата половина од годината. Официјалните податоци објавени од италијанскиот производител покажуваат зголемување на продажбата од 37% во споредба со првата половина минатата година.

Така во првите шест месеци од годината, на глобалниот пазар Lamborghini успеа да испорача 4.852 возила што претставува најдобар проджен перформанс во историјата на производителот.

Најпродаван модел и натаму останува кросоверот Urus кој со зголемување на продажбата од 35% успеа да испорача точно 2.796 примероци. Следи Huracan со продадени 1.532 примероци што претставува пораст од 46% додека трет најпродаван модел е Aventador со 524 примероци и раст од 21%.

Трендот на пораст на продажбата се очекува да продолжи и во втората половина од годината, а доколку продолжи со истото темпо тогаш ова ќе биде дефинитивно најдобрата година за овој производител.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK