Веќе во продажба: Citroen Ami – автомобил кој се управува без возачка дозвола

ОБЈАВЕНО НА:

Француската компанија Сitrоën пушти во продажба мини автомобил, Сitrоën Аmi, кој може да се управува и од лица на возраст над 14 години и без возачка дозвола.Таква информација беше соопшрена од страна на СFTS.

Електричниот автомобил има карактеристики кои веројатно ќе го привлечат вниманието на тинејџерите со технички познавања.

Автомобилчето веќе се продава заедно со играчки конзоли и смартфони во големите продавници во Франција за електроника.

Возилото е долго 2,4 метри и широко 1,4 метри. Има максимална брзина од 45 км/ч и можност за поминување на 75 км со едно полнење. Уште кога Сitrоën планирал да го пушти овој електричен автомобил, тој беше спореден со машина за перење.

Од компанијата најавија дека автомобилот ќе биде евтин и тоа го одржаа. Чини 6.900 евра. Сitrоеn Аmi е можно да се купи и во супермаркетите со уреди за домаќинството FNАС и Dаrty или онлајн.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK