Автономните возила полека навлегуваат во голем развој во технолошкиот свет, па прашање е на време кога автомобилите ќе можат да се движат без да ги управува човечка рака. Голем број на компании веќе го разработуваат планот за изработка на автономните возила, кои ќе можат да се движат сами, да пропуштаат пешаци и да идржуваат на патот и во екстремни климатски услови.
Научниците од NASA, сепак, предупредуваат за опасноста од сончеви бури кои можат да ги исфрлат овие возила надвор од стројот и да ги претворат булеварите и магистралните патишта во големи паркинзи. Ваквото тврдење е дадено заедно во соработка со вселенските метеоролози.
Експертите посочуваат дека силните сончеви бури се во состојба да го блокираат GPS и другите сателитски системи за глобално позиционирање и да ги остават автономните возила без средство за ориентирање.
NASA ја следи сончевата активност со два сателити. Според експертите таа ќе биде во затишје во периодот во навлегуваат автономните возила, а се работи за периодот од 2020 до 2023 година.
Сончевите бури се развиваат во циклуси од 11 години, а последниот таков беше во 2014 година.