На автопатите во Србија ќе се вози 130 километри на час

ОБЈАВЕНО НА:

Промената на регулативите во доменот во сообраќајот во Србија и понатаму продолжува. На денешната седница владата на Србија го усвои предлог законот за измена и дополнување на законот за безбедност во сообраќајот на патиштата со кои се овозможува возење и до 130 km/h на автопатите ширум земјата, пренесува регионалната телевизија N1.

“Овој закон се донесува поради потребата да се согласат решенијата кои се однесуваат на ограничувањето на брзината на автопатиштата со поголемиот дел од земјите од Европската Унија со што досегашната пропишана брзина од 120 km/h се зголемува за 10 km/h и изнесува 130 km/h” стои во официјалното соопштение на Владата на Србија.

Инаку ова е само една од низата измени во сообраќајната регулатива. Претходно беше донесена одлука за мерење на просечната брзина на движење, а вчера беше потврдена уште една измена според која возилата постари од 15 години ќе мора во текот на една календарска година да направат минимум два технички прегледи.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK