Мора да се продава: Mercedes започна со домашна достава

ОБЈАВЕНО НА:

Производителите и продавачите на автомобили полека, но сигурно се прилагодуваат на кризата предизвиката од коронавирусот. Mercedes покрај продажбата преку интернет воведе и дополнителна опција, а тоа е достава на новите автомобили на домашна адреса.

Ова е за прв пат некој производител да воведе достава на новите автомобили на домашна адреса, а за само неколку денови многу купувачи ја искористиле оваа бесплатна можност.

Со оваа услуга од Mercedes наведуваат дека се намалува ризикот за зараза од коронавирусот, а од друга страна се заштедува и време на купувачите.

Најважно е да се продава за да може да функционира системот, а истовремено купувачите да бидат релаксирани и да им се овозможи исполнување на плановите за подновување…

Следете не и на:

24AUTO NETWORK