Милион електрични возила низ Германија дури во 2022 година

ОБЈАВЕНО НА:

Германија нема да може да ја оствари зацртаната цел за милион електрични возила на патиштата до 2020 година и затоа овој рок се пролонгира и се очекува да дојде до  остварување на овој план до 2022 година. Причината се високите цени на возилата и недостатокот на станици за полнење.

Групата за советување NPE во извештајот за спроведување на планот објавила дека зацртаниот број на електрични возила ќе се достигне дури во 2022 година. На почетокот на 2018 година на патиштата низ германија имаше само 98.820 возила на електричен погон.

NPE ја следи состојбата на пазарот на електрични возила од 2010 година кога беше поставена цел за милион електрични автомобили до 2020 година, а Владата на Германија тоа и го усвои. Се споменува дека постојат повеќе причини за одлагањето на планот вклучувајќи ја и високата цена на електричните возила во однос на автомобилите на класичен погон и во минатото помалиот број на достапни модели.

Недостига и инфраструктура. Потребни се повеќе станици за полнење за електрични автомобили, но се очекува и ова да биде поправено и бројот да биде зголемен во следните неколку години.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK