Само два месеци откако беше потврден влезот на познатата автомобилска марка MG Motor во Адриатик регионот, почнува продажбата и во Македонија. Првиот продажно сервисен салон во Македонија е во Скопје, во склоп на продажно-сервисниот центар на Ми-Да Гранд Моторс.
Првиот контингент на возила е веќе паркиран пред салонот, но и првите испораки се веќе направени. Квалитет, конкурентни цени и седум годишна гаранција, или 150.000 км. е понудата што веројатно ќе биде причина плус да се размисли при одбирањето на ново возило.
Слоганот на MG Motor Adriatic е „ Get More!“ што ја нагласува концептуалната перспектива на самиот бренд, додека во фазата на презентација на регионалниот пазар ќе се користи слоганот „Резервирано за иднината!“.
На почетокот главните адуи ќе бидат СУВ моделите, MG ZS и MG EHS. Веќе се направени и првите испораки, а плановите на македонскиот импортер се двоцифрена бројка до крајот на годината.
View this post on Instagram
Веројатно најинтересен ќе биде малиот СУВ кој го носи името ZS. Достапен со два бензински мотори, мануелен и автоматски менувач е специјално развиен за вкусот на европските возачи. Простор од 448 литри багаж. Понудата почнува со проверениот атмосферски 1.5 литарски DOHC VTI бензински мотор со 106 КС. Преку преносот на силата на преку петстепен менувач на предните тркала возилото забрзува до 100 км/ч. за 10,9 секунди и има максимална брзина од 175 км/ч.
Алтернатива е 1.0 литарскиот T-GDI кој има 111 КС и турбина и директно вбрзигување. Трицилиндричниот мотор со 6 брзини може д абиде со мануелен или автоматски менувач. Двете верзии имаат максимална брзина од 180 км/ч. Според WLTP, просечната потрошувачка е 6,6 односно 7,2 литри.
Има три нивоа на опременост меѓу кои ќе може да се одбере: Excite, Exclusive и Luxory. Оние со попрефинет вкус ќе може да добијат и греење на предните седишта, местење на возачко седиште во 6 правци, 360 степени паркинг камера, keyless отклучување и вклучување на возилото без клуч, панорамски покрив, систем за детекција на возило во мртов агол…
А уште во почетниот пакет има автоматско заклучување на вратите при тргнување, кожен волан, ЛЕД дневни светла, Hill Launch assist – систем за помош при тргнување на нагорница, кровни носачи, задни паркинг сензори…
Претставен во 217 година, овој 432 см. долг автомобил е најодговорниот за рапидното враќање на MG на европскиот пазар, и особено во В.Британија каде MG Motor беше прогласен за најбрзорастечки бренд.