Мет Дејмон во улога на Керол Шелби во новиот филм за Ford и Ferrari

ОБЈАВЕНО НА:

Мет Дејмон ја доби главната улога во филмот “Ford vs Ferrari” и при тоа ќе ја игра улогата на Керол Шелби. Иако првично главната улога во филмот ја доби Том Круз, сепак на крајот одлучено е таа улога да му припадне на 47 годишниот Aмериканец.

Главната тематика на филмот е битката помеѓу Ford и Ferrari во авто спортот, а идејата за реализација на овој филм се роди во 2013 година од кога на големо се работи на реализацијата на овој филмски проект.

Режисерот Џејмс Менголд ќе има за задача да ја режира битката помеѓу Ford и Ferrari на 24 часа Le Mans во која на првите три позиции завршуваат трите GT40-и на Ford.

Ривалството пред екраните ќе биде подгреано со претходните обиди на Ford да го купи италијанскиот спортски бренд, но по неколку неуспешни обиди американската компанија во целост се откажува.

20th Century Fox го потврди и датумот на светската премиера која е закажана за 28 јуни следната година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK