Mercedes што помина 4,6 милиони километри

ОБЈАВЕНО НА:

Јорго Сакинидис од Солун, својата приказна ја започнува со својот животен сон, да замине во Германија, за да заработи доволно пари со кои еден ден ќе може да купи Mercedes. Токму тој автомобил подоцна ќе му го промени животот.

Во далечната 1963-та година Сакинидис со свои 18 години, заминува за Германија. Иако, голем дел од луѓето кои заминале на работа таму, најчесто не се враќале во родната земја, но тој по 15 години работа, одлучува да се врати во Солун.

Додека размислувал што во иднина да работи, грчката Влада во меѓувреме ја укинува забраната за такси возила со дизел мотор, што за него било пресудно.

Така, тој се решил да купи Mercedes автомобил со дизел мотор со кој ќе биде меѓу првите такси возачи со вакво возило во Грција. Но, сепак тој не купува ново, туку користено возило, кое веќе имало над 350,000 километри.

Тоа бил Mercedes 240d, модел W115 од 1976 година. Со возилото го минувал денот буквално 24 часа, едноставно уживал во секојдневното возење, а во исто време и заработувал.

Само 2 години подоцна, во 1983-та година, автомобилот имал одлучувачка улога кога ја запознал и импресионирал својата идна животна сопатничка.

Кон крајот на 90-тие години, пред и за време на бомбардирањата на тогашна Југославија, дури 400-тини пати бил до Белград, носејќи медицинска и друга хуманитарна помош.

Во својата 23 годишна кариера како такси возач, постојано превезувал и многу значајни луѓе од јавниот живот, а тој им бил омилен возач бидејќи секогаш чесно, без наддавање им ги наплаќал услугите.

Во 2004-та година синиот Mercedes-Benz со изминати дури 4,6 милиони километри конечно се повлекува од улиците. За овој рекорд, фабриката на Mercedes испраќа своја стручна екипа која требало да ја утврди веродостојноста на километражата и автентичноста на автомобилот.

Откако фабриката на Mercedes-Benz се уверила во податоците, на Јорго Сакинидис веднаш му понудиле сосема нов Mercedes. Тој ја прифаќа понудата.

Денес, легендарниот син Mercedes, се наоѓа во музејот на Mercedes во Штудгарт.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK