Mercedes драстично ја зголеми продажбата на електрични автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Продажбата на електрични автомобили под брендот Mercedes-Benz се зголеми за речиси 90% во првиот квартал од 2023 година. Во овој период, секој десетти нов автомобил со логото на Mercedes-Benz е целосно електричен.

Според резултатите од првиот квартал од 2023 година, продадени се вкупно 503.500 автомобили Mercedes-Benz, што е за 3% повеќе од истиот период од 2022 година. Од нив, 51.600 се целосно електрични модели.

Продажбата на електрични автомобили со брендот Mercedes-Benz е зголемена за 89% во однос на првиот квартал од 2022 година, кога продажбата на електрични автомобили на концернот изнесуваше 27.400 единици.

Електричниот кросовер Mercedes-Benz EQA е бестселер меѓу електричните возила на Mercedes-Benz. Во првите три месеци од 2023 година, продажбата на овој модел изнесува 10.800 единици, што е за 189% повеќе од пред една година.

Mercedes-Benz EQB забележа раст на продажбата од 64% на годишна основа на 11.200 единици во првиот квартал. Кварталната продажба на Mercedes-Benz EQE и EQS изнесуваше вкупно 9.400 и 5.500 единици, соодветно.

По региони, највиоска продажба брендот има во Азија каде се продадени 247.700 возила (+ 3 осто). Од оваа бројка дури 191.000 отпаѓа на Кина. Потоа следува Европа со 163.900 возила од што само во Германија се продадени 60.500.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK