Дилема: Смеете ли да го влечете возилото ако е дефект?

ОБЈАВЕНО НА:

Кога ќе ни се расипе автомобилот кому треба да му се јавиме – на пријател за да ни помогне да го довеземе автомобилот или, пак, на служба за влечење? Прашање што различно се толку. За едни влечењето друг автомобил е дозволено, а за други тоа треба да го направи службата за влечење!

Побезбедно е да повиката служба за влешење, особено ако станува збор за поголем дефект, и ако сте далеку од дома или од овластен сервис. Ако пак станува збор за помал дефект, тогаш сигурно дека работа ќе заврши и пријател кој ќе ве „дошлепа“ до сервис. Доколку настанатиот дефект не може да биде отстранет на самото место тоа значи дека возилото треба да биде транспортирано- влечено до првото безбедно место, првиот излез или до автомеханичарскиот сервис, во зависност од ситуацијата и околностите.

Од влечните служби, пак, велат дека не е дозволено влечење возило освен ако не го прави тоа влечна служба. Според нив може да се влече само до првиот исклучок од патот, на првиот паркинг на кој ќе се наиде.

Но што кажува законот за безбедност на сообраќајот на патиштата?

* Моторно возило може да влече друго возило поради неисправност, односно недостиг на одделни делови, само ако не може самостојно да се движи.
(2) Моторно возило не може да влече мотоцикл со или без странична приколка или друго возило на две тркала.
(3) Мандатен платен налог со глоба во износ од 35 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 15 негативни бода согласно со одредбите од овој закон, на возачот кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член.

* Моторно возило може да влече друго неисправно моторно возило ноќе и дење во услови на намалена видливост, ако на влеченото возило се вкучени покажувачи на правците и светлата за означување на возилото или ако моторното возило употребува жолто ротационо светло.

* За време на влечењето на возилото од членот 78 став (1) од овој закон, на влечното возило треба да бидат вклучени покажувачи на правците, додека на влеченото возила ако се исправни. Двете возила треба да бидат обележани со сигурносен триаголник.
(2) Сигурносниот триаголник од ставот (1) на овој член на влечното возило се поставува на предната страна, додека на влеченото возило на задната страна.
(3) Со влеченото возило од ставот (1) на овој член е забрането превоз на лица, со исклучок на возачот кој го управува возилото.
(4) Мандатен платен налог со глоба во износ од 20 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 10 негативни бода согласно со одредбите од овој закон, на возачот кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (1), (2) и (3) на овој член.

* Моторно возило на пат може да се влече со помош на јаже, крута врска (руда) и со потпирање или бесење на возилото за влечното возило.
(2) Со помош на јаже не смее да се влече моторно возило на кое не му се исправни уредите за управување или уредите за запирање, ниту товарно моторно возило и автобус.
(3) Со крута врска не смее да се влече моторно возило кое нема исправен уред за управување, ниту моторно возило потешко од влечното возило, ако не му е исправна работната кочница.
(4) На правното лицe кое ќе нареди или дозволи влечење на возило, спротивно на одредбите од ставовите (2) и (3) на овој член ќе му се изрече глоба во износ од 2.000 евра во денарска противвредност.
(5) За прекршоците од ставот (4) на овој член ќе му се изрече глоба и на одговорното лице во правното лице во износ од 30% од одмерената глоба за правното лице.
(6) Мандатен платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бода согласно со одредбите од овој закон, на возачот кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (2) и (3) на овој член.

* Растојанието меѓу влечното и влеченото моторно возило, ако се влече со јаже изнесува три до пет метри, а ако се влече со помош на крута врска може да изнесува и помалку од три метри.
(2) Мандатен платен налог со глоба во износ од 20 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе им се издаде, односно ќе им се регистрираат 10 негативни бода согласно со одредбите од овој закон, на возачите на возилата кои постапуваат спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член.

* Моторно возило кое на пат влече друго неисправно моторно возило, не смее да се движи со брзина поголема од 40 km/h.
(2) Мандатен платен налог со глоба во износ од 25 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 15 негативни бода согласно со одредбите од овој закон, на возачот кој постапува спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK