Mazda го најави новиот BT-50

ОБЈАВЕНО НА:

Со тизер фотографија Mazda ја најави новата, трета генерација од моделот BT-50. Иако не може да се види многу од затемнетата фотографија, се очекува новата генерација да има далеку порадикален дизајн од актуелната генерација.

Премиерата на овој модел е закажана за 17 јуни, а во моментов нема многу информации. Покрај целосно новиот дизајн, овој модел доаѓа и со последната генерација на инфотејнмент системот, а се шпекулира и за plug-in хибридна верзија.

Инаку овој модел за прв пат во понудата на јапонскиот производител е воведен во 2006 година. Првата генерација на пазарите во Јужна Америка, Азија, Африка и Австралија беше присутна до 2011 година кога е претставена актуелната, втора генерација.

Третата генерација ќе продолжи да се произведува во Тајланд и Јуна Африка, а со сигурност нема да биде дел од европската и американската понуда на Mazda.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK