Ѕвездата од Холивуд има богатство во гаражата – Топ 7 возила на Силверстер Сталоне (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Силвестер Сталоне во својата кариера има играно огромен број на улоги, во кои главно е херој во акциските филмовите, но во 2001 година седна и зад воланот во болид од Инди-кар серијата во филмот „Driven“ во улога на искусен возач, кој со своите совети и поддршка на патеката го води младиот колега до победа во шампонатот.

Еден таков актер со големо богатство добри филмови зад себе нормално е да се очекува и да има специјален вкус за автомобили… И навистина е така!

Со децении во неговата гаража имало многу и различни автомобили, а некои од нив таму се задржале долги години. Некои, пак, познатиот актер ги поседува само неколку месеци. Затоа во Топ 7 се нудат најинтересните автомобили од возниот парк на Силвестер Сталоне.

1.Volkswagen Phaeton

Ѕвездата од Холивуд купил еден од првите примероци на Phaeton, возило кое е произведувано од германската компанија од 2002 до 2016 година.

Во гаражата на актерот минале огромен број на автомобили, но оваа машина останала подолго време и останува (судејќи според сè) еден од омилените автомобили на Сталоне до денес.

2.Два автомобили Ferrari

Познато е дека во гаражата на Силвестер Сталоне останале барем два автомобили од Ferrari. Новинарите неколкупати успевале да го снимат актерот во прекрасен црвен 599 GTB Fiorano од 2006 година. Покрај тоа во колекцијата на Сталоне се наоѓа и црн 612 Scaglietti од истиот италијански бренд.

3.Bugatti Veyron

Сталоне не го игнорираше ниту многу популарниот Bugatti Veyron уште пред многу години. Актерот се појавивал во овој автомобил многу често во минатото, а очигледно го има купено со Арнолд Шварценегер.

4.Cadillac Escalade

До неодамна колекцијата на Силвестер Сталоне вклучуваше и таков луксузен тјуниран Escalade со продолжено тело и тркала по нарачка. Автомобилот, полн со различни предности, неодамна беше обновен за продажба. Со кратка километража од 1.600 километри, Сталоне побарал 350.000 долари за автомобилот.

5.Hiboy

Еден од најинтересните автомобили во колекцијата на Силвестер може мирно да се смета за врела прачка, кој е изграден на база на Ford Dearborn Deuce од 1932 година. Изобилство од хром, црно тело и „ѕверски“ мотор со моќност од 330 коњски сили.

6.Ford Mustang

До неодамна во колекцијата на херојот од бројни акциски филмови имаше и Mustang, кој имаше добиено голем број на персонализирани подобрувања. Автомобилот беше продаден со километража од нешто над 7.000 километри.

Интересно е дека ист ваков Ford Mustang во својата колекција има и уште еден познат актер, Арнолд Шварценегер.

7.Chevrolet Camaro

Еден од „најобичните“ автомобили во колкцијата на Сталоне е Camaro, едноставно поради стандардите за приходи на ѕвездата од Холивуд. Практично автомобилот има голема вредност. Дури и само поради причината дека тоа е јубилејната верзија од студиото Hendrick Motorsports. Моќноста на 8-цилиндричниот мотор е зголемена до 580 коњски сили.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK