Зошто седиштата за резерви на стадионите се од спортски автомобили?

ОБЈАВЕНО НА:

Дали досега имате забележано дека седиштата на клупите за резервни фудбалери на големите стадиони се посебни? Се покажа дека станува збор за седишта од натпреварувачки возила. Таа тенденција почнала на почетокот на 90-тите години на минатиот век.

Во тоа време сопственикот на Recaro, германскатата компанија за производство на седишта за тркачки автомобили, Улрих Пуч бил дел од бордор директор на тимот на Кајзерслаутерн. Поради болките во грбот на тренерот на тимот, Пуч порачува изработување на столче, на кое менаџерот ќе може да седи и да ги следи натпреварите покрај аут-лнијата. Специјалните компоненти за изработка е карактеристична за тркачкото седиште на Recaro.

Играчите на тимот се изјасниле дека тренерот има одлично столче, па во 1994 година Пуч порачал да биде изработена целата клупа за резерви како дел од спонзорски договор. Другите фудбалски клубови исто така ја следеле оваа иновација за привлечување на спонзори и почнале да порачуваат од Recaro спортски седишта на клупите покрај аут линијата на стадионите. Тоа прераснало во одличен пазарен потег за германската компанија. Дури и компаниите кои изработуваат седишта за авионите почнале да ги опремуваат стадионите.

Денес овие седишта на стадионите се сметаат за стандардни. Според Recaro околу 70 топ фудбалски екипи седат на нивните одлични продукти. Дел од тие клубови се и Реал Мадрид и Борусија Дортмунд. Причината за тоа е што седиштата се исклучително удобни и некои од нив имаат и функција за затоплување при многу студено време.

Сепак, останува фактот дека сето ова почна сосема случајно поради болките во грбот на тренерот на Кајзерслаутерн од почетокот на 90-тите години на минатиот век.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK