Зошто камионџиите ставаат туби во бандажите на тркалата?

ОБЈАВЕНО НА:

Професионалните возачи имаат многу корисни трикови, за кои помалку искусните колеги можеби и не знаат. Ова особено се однесува за возачите на камиони кои поради својата професија се принудени да користат различни трикови за да ги направат поудобни долгите патувања.

Ако почнете да го насочувате внимание на TIR по патиштата можеби ќе забележите камиони со прицврстена туба кон едно од тркалата. Сепак, дури и да не видите такво нешто веројатно ќе би биде интересно да знаете што содржат таквите контејнери зошто возачите ги монтираат на тој начин?

Практично внатре во кутиите возачите на камионите ги оставаат валканите алишта, а потоа ставаат вода и прашок за перење. Резултатот е импровизирана машина за перење. Возачот на камионот може да се движи по предвидената маршрута и само после десет километри алиштата се добро испрани. Потоа треба да се направи уште едно запирање, за да се истури валканата вода, да се наполни чиста и да се продолжи со возење, па на тој начин почнува режимот „плакнење“.

Сите туби не се погодни за оваа работа. Прво обемот на контејнерот треба да е одговарачки за да може не само да се стават алишта во него туку и да се додаде малку вода. Второ тубата  треба да е со голем отвор и да може да се собере во внатрешноста на бандажите. Надворешен предмет на тркалото може да има и негативен ефект, но искусните возачи велат дека ако возите со брзина не поголема од 50-60 км/ч тогаш нема да се случи ништо лошо.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK