Зошто искусните руски возачи имаат шише водка во возилото, а не е за пиење?

ОБЈАВЕНО НА:

Во очекување на сурова зима, Русите секогаш ги подготвуваат своите автомобили. Багажниците се дополнуваат со традиционалните додатоци за сезоната, кои го олеснуваат животот на возачите како: лопати, кабли за струја, четки, стругалки за мраз и… флаша водка. Колку и да делува чудно, голем дел од Русите не ја користат за пиење.

Искусните возачи секогаш имаат, како дополнување кон стандардниот зимски комплет и флаша етил алкохол или водка. Ефектите на етил алкохолот не се ограничуваат на матење на мозокот, туку опфатот на оваа течност е далеку поширок и тоа многу повеќе од она што некои луѓе го мислат.

Добрите возачи во Русија се едни од оние кои ги користат целосните волшебни карактеристики на алкохолот. На пример, искусните сопственици на автомобили знаат дека во зима течноста за бришачите брзо се троши, а високата цена кај руските бензински станици секогаш не гарантира и квалитет. Затоа тие често ја зголемуваат содржината на алкохол со сината течност пред силните студови, ставајќи водка во садот.

Според искусните возачи алкохолот помага и за брзо отстранување на слојот од слана и ледена кора на шофершајбната. Методот е генерално одговарачки, кога треба брзо да се влезе во автомобилот и да се тргне. Доволно е да се истури водката на предната шофершајбна и да се почека малку додека мразот не се растопи.

Алколот не помага само при ниски температури за одмрзнување, туку може да се користи и за затоплување. Со водката лесно може да биде запален оган, во очекување на помошл или во краен сличај да се земе внатрешно.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK