Златно копче за BMW на YouTube (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата BMW доби нови признание за онлајн присуството на брендот, откако компанијата ја надмина границата од 1.000.000 следбеници на YouTube. За овој успех и достигнувањето на ваквата бројка на компанијата и беше доделена почесна плакета  „Златно копче“.

Oд BMW велат дека присуството на брендот на YouTube е важен дел од каналот за комуникација со клиентите и фановите, а како доказ за тоа се последните порадоци кои во моментов покажуваат повеќе од 1,17 милиони претплатници.

Од компанијата од Баварија објавуваат дека клиповите кои се поставени на каналот од страна на брендот генерирале околу 333 милиони гледања низ целиот свет, а вкупното време на гледање траело околу 6,5 милиони часови.

Од BMW исто така споделуваат дека на секои 57 секунди некој од поставените клипови добива лајк, или е споделен или коментиран.

Најгледаниот клип кој е поставен на каналот на BMW на YouTube е The Small Escape (23 милиони гледања), а на 2. и 3. место се редат The Epic Driftmob feat. BMW M235i (над 18 милиони прегледи) и The all-new BMW 7 Series. All you need to know (над 8,4 милиони прегледи).

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK