Заборавил каде се паркирал: Го пронајдоа возилото на исто место после 20 години

ОБЈАВЕНО НА:

После цели 20 години полицијата во Германија успеа да го пронајде возилото Volkswagen Passat, кое беше пријавено за украдено во 1997 година на паркинг. Сопственикот заминал да заврши некаква работа во индустриска зграда, но заборавил каде застанал и се паркирал, па помислил дека некој му го украл возилото.

Полицијата го пронашла автомобилот после 20 години и тоа на истото место каде што бил паркиран во 1997 година. Автомобилот бил вратен кај сопственикот, но бил неисправен и целосно уништен од времето и од стоењето во место.

Инаку, ова е втор случај во последно време на пронаоѓање на автомобили после неколку децении. Во септември и полицијата во Франција успеа да го пронајде украденото возило Peugeot 104 од пред 38 години.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK