За тие со пари – се продава Lamborghini Miura P400 од 1968 година

ОБЈАВЕНО НА:

За сите оние со подлабок џеб, а кои се и вљубеници во раритетните автомобилски модели, на интернет се појави оглас од моделот Lamborghini Miura P400.

Станува збор за автомобил огласен на интернет во канадската провинција Британска Колумбија. Истиот е произведен во 1968 година, а историјата покажува дека истиот е купен од Канаѓанец кој го увезол директно од Италија.

Почетната аукциона цена на овој автомобил изнесува 875.000 долари, а покрај одличната состојба во внатрешноста и надоврешноста, со оваа цена добивате и 3,9 литарски V12 мотор.

Инаку од овој легендарен модел има произведено само 764 примероци во сите верзии. Дизајниран е од страна на Марсело Гандини од Bertone, а се производството стартувало во 1966 година откако една година претходно беше претставен на саемот за автомобили во Торино.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK