За колку се стигнува од Лисабон до Владивосток?

ОБЈАВЕНО НА:

Едно од подолгите, ако не и најдолги адреналински патувања е она кое ги поврзува најзападниот европски град, Лисабон и најголемиот руски град на истокот Владивосток. Според најоптималната рута овие 13,627 километри според Google Maps можете да ги поминете за “само” 163 часа активно возење или за околу 20 дена доколку секојдневно се возат активни 8 часа.

Оваа рута поминува низ осум земји, а започнува во Лисабон по што се вози низ Шпанија во насока кон Баскија каде преку Сан Себастијан се влегува во Франција. Оттаму се упатува кон Париз по што се влегува во Белгија.

На граничниот премин крај Ахен се влегува во Германија и се вози во близина на Келн, Дортмунд, Билфелд, Хановер, Магдебург, Берлин по што се влегува во Полска. Претпоследната земја пред крајната Русија е Белорусија.

Во овие 163 часа не се вклучени паузите, евентуалните локални гужви и чекањата на границата. Сепак доколку сакате адреналин и вистински возбудувања тогаш ова е вистинското патување за оваа година во кое имате можност да посетите 100 тина градови распостранети низ Русија и останатите европски земји.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK