За да не плаќа за транспорт – Возеше автомобил на автомобил (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Според насловот веднаш ќе помислите дека ова е уште една секојдневна ситуација од Балканот. Меѓутоа, настанот се случува далеку од Балканскиот Полуостров, па оттука е вистински хит кај западните медиуми.

Имено, 51 годишниот Ричард од Велика Британија, поточно Велс, неколку километри возел стара Skoda Octavia врз својот автомобил.

Веднаш бил пресретнат од локалната полиција која му изрече казна од 80 фунти за небезбедно пренесување на товар, а дополнително ќе мора да ги плати и судските трошоци во висина од 125 фунти.