За да биде најдобар: Како се тестираше новиот Peugeot 508

ОБЈАВЕНО НА:

Да создадеш автомобил на кои сите ќе му се восхитуваат не е мала работа. Тоа најдобро можеби го знаат инжинерите и дизајнерите во Peugeot. Многу труд, напор, време и потрошени ресурси е она што се наоѓа зад ознаката 508.

На 1.000 хектари во Белчам, во источниот дел на Франција е местото каде што се одвиваше тестирањето на новиот 508. Недели и недели активно тестирање на неколку тест примероци се со цел кон крајниот потрошувач да се испорача автомобил со висок квалитет, комфорен и безбеден за патниците, но и за околината.

Овој тест програма која успешно ја помина Peugeot 508, а на која учествува секој Peugeot автомобил од 208 па наваму, инжинерите на PSA Групацијата ја нарекуваат “Квалитет на употреба”. Целта на оваа програма е да се утврди дали во првите три години од користењето автомобилот ќе биде ист како и кога бил купен. Тука пред се се мисли на задржаниот квалитет како и возните перформанси.

Peugeot 508 testing - bumps

Дури и на хартија тестот изгледа доста предизвикувачки. Во првата фаза, автомобилот се тестира активно 15 илјади километри. Во следната фаза тој минува 45 илјади километри и тоа за 31 недела што во просек е 207 километри дневно.

Тестот од вкупно изминатите 60 илјади километри е еквивалент на тригодишно користење на автомобилот и во овој период т.е. тест не треба да се појави ниту една аномалија. Во случај да се појави аномалија, инжинерите се должни да ја отстранат и повторно да го повторат тестот отпочеток.

Peugeot 508 testing - hill

Овие километри новиот Peugeot 508 ги помина на најразличен терен. Дожд, снег, кал, песок, нерамен терен, вирови, дупки… Долги возења без да се испере, намерно предизвикување на момент на сушење на прашината на каросеријата со цел да се утврди долготрајноста и отпорноста на лакот на бојата. Брзо возење на нерамен терен со цел да се оцени амортизацијата и удобноста во кабината, искачување на 20% нагорнина со цел да се утврди влечната сила на автомобилот на нагорнини, стартување на автомобилот при услови од -40 степени Целзиусови…

Сите овие препреки ги помина 508 пред да биде премиерно претставен на јавноста, а инжинерите во сите овие ситуации големо внимание посветиле и на звукот на моторот (во кабината и надвор од неа), евентуалните миризби што ги испуштал, издувните гасови и други видливи и невидливи траги по што истите подлежат на анализа.

Peugeot 508 testing - petrol cap

За да добие зелено светло, автомобилот треба да задоволи речиси 400 најразлични критериуми поврзани со повеќе аспекти на самиот автомобил. Сите овие критериуми успешно беа исполнети од страна на Peugeot 508, а инжинерите директно вклучени во ова тестирање наведуваат дека овој автомобил го постигнал најдобриот скор на овој тест.

Peugeot 508 testing - dash

Во просек, еден ваков тест за и со еден Peugeot автомобил го чини производителот 100 илјади евра. Овој француски производител е еден од ретките во индустријата кој практикува волку екстремни тестови.

Тоа како што велат од производителот е доказ дека крајниоте потрошувачи добиваат автомобили со неспорен и одличен квалитет, а доказ за посветеноста на Peugeot кон испорачување на квалитетни автомобили е и фактот што тоа е еден од производителите со најмалку повлекувања на автомобили.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK