Возила кои развиваат над 400 км/ч (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

И покрај тоа што се преземаат сè поголеми мерки за екологија, производителите на автомобили продолжуваат да се стремат кон тоа да ги создаваат најбрзите и најмоќни автомобили бидејќи тие секогаш им се допаѓаат на клиентите.

Тенденцијата практично се измени и од исклучително моќни и многулиарски мотори, нештата постепено одат кон електрификација.

Во продолжение можете да видите дел од најбрзите нови автомобили кои можат да развијат брзина и од над 400 км/ч.

McLaren Speedtail

Speedtail се смета за идеолошки наследник на легендарниот F1. Ја има истата архитектура на внатрешниот дел. Системната моќност на хибридниот погон надминува 1000 коњски сили. Според неофицијални информации Speedtail забрзува од 0 до 100 км/ч за околу две секунди, а максималната брзина надминува 420 км/ч.

Mercedes-AMG One

Хиперавтомобилот на Mercedes се опремува со 1,6-литарски V6 и има четири електромотори, кои генерираат системска моќност од над 1000 коњски сили. Бензиновиот агрегат достигнува 11000 вртежи во минута, но има потреба од основен ремонт на секои 50.000 километри. Ова возило развива брзина од 400 км/ч и ќе биде произведено во ограничени количини од 275 примероци.

Tesla Roadster

Со забрзување од 0 до 96 км/ч за помалку од две секунди новата спортска Tesla не само што е еден од најбрзите сериски автомобили во светот туку успева да крене над 400 км/ч. Roadster има три електромотори, кои се напојуваат од батерии со капацитет од 200 кВтч. Два од нив се придвижуваат на задните тркала, а еден на предната оска. Моќноста не се соопштува, но вртежниот момент е 10.000.

Rimac C_Two

Хрватската компанија Rimac Automobili конечно го претстави долгоочекуваниот наследник на Concept_One. Електричниот хиперавтомобил C_Two има амбиција да стане најбрзиот од својот вид и доколку се суди според техничките карактеристики има сè што е потребно. Вкупната моќност е 1408 кВт (1914 коњски сили), а вртежниот момент е 2 300 Нм. Со вакви бројки, максималната брзина е 412 км/ч, а не е чудно што од Rimac велат дека времето за забрзување од место до 97 км/ч е 1.85 секунди – што е 0.05 сек. побрзо од новиот Roadster на Tesla.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK