Воздушните перничиња за колена се бескорисни!?

ОБЈАВЕНО НА:

Колку повеќе воздушни перничиња имате во возилото – толку истото е побезбедно. Барем така се мисли на прва кога ќе се прочита, а и логично е така да се размислува. Но, сепак дали е секогаш така и дали вградувањето на дополнителни воздушни перничиња не значи само зголемување на цената на автомобилот. IIHS (Insurance Institute for Highway Safety) донесе заклучок дека воздушните перничиња за колена и не донесуваат голем бенефит за лицата на предните седишта.

За да се оцени ефикансоста на воздушните перничиња спроведена е студија за ефикасноста во која се опфатени повеќе од 400 фронтални судари кој се случиле низ 14 сојузни држави во САД.

При тоа анализирни се повредите кои настанале кај возачите и патниците на предните седишта во автомобили со воздушни перничиња за колената и автомобили кај што нема ваков тип на воздушни перничиња.

При тоа според заклучоците, IIHS наведува дека поседувањето на воздушни перничиња за колена го намалува ризикот за сериозни повреди на колената и нозете за само 0,5% односно од 7,9% на 7,4%.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK