Volvo има камион што чини 2 милиони долари

ОБЈАВЕНО НА:

Куќата за аукција Bоnhаms на 14 септември ќе организира аукција на која ќе се најде еден интересен камион. Различно кај него е неговиот изглед, со оглед на тоа што засенчените графити на камионот се нацртани од уличниот уметник од Велика Британија, Бенкси.

Организаторите се надеваат дека овој камион ќе го продадат за сума од 2 милиони долари. Инаку, камионот е Vоlvо FL6, а името на примерокот што ќе се најде на аукција е Turbо Zоnе Truсk. Ова транспортно возило воедно е најзначајниот проект кој некогаш е создаден од Бенкси.

Работата на него уметникот ја почнал уште во 2000 година на површина од 80 метри квадратни. Што се однесува до авторот, носечкиот псевдоним Бенкси, тој се смета за најпознат и неуловениот уличен уметник во светот.  До овој момент неговиот вистински идентитет и понатаму не е откриен.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK