Volkswagen со апликација за фудбалските фанови (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Volkswagen објави нова апликација за борд системот на Golf (моделска 2020 и понови), која ветува дека ќе стане миленик на фудбалските фанови особено на оние, кои сакаат да се информираат за текот на играта што е можно побрзо.

Апликацијата We Score, која е достапна за преземање од онлајн продавницата In-Car Shop на Volkswagen, е во состојба да обезбеди информација во реално време преку push-нотификации, со доставување на податоци директно на екранот на инфо-комуникацискиот и мултимедискиот систем (Discover Pro и Discover Media) на актуелниот Golf.

За оваа цел, сопствениците на новиот Golf треба да изберат најмногу три фудбалски екипи и еден национален тим, за кои последователно добиваат податоци не само за постигнатите голови, туку и за рангирањето и интересните вести.

Покрај визуелната форма, информацијата оже да се чита преку борд системот, благодарение на функционалноста од text-to-speech.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK