Volkswagen Jetta се продава за 100.000 евра

ОБЈАВЕНО НА:

На сите вљубениците во брзините и особено неколкуте делови во филмовите Fast & Furious им е добро познато возилото Volkswagen Jetta кое Џеси го возеше во првиот дел.

Volkswagen Jetta од филмот Fast & Furious, кој е сниман во 2001 година првпат се појави во продажба во 2015 одина. Моменталниот купувач плати за неа 42.000 долари, а сега за истиот атомобил се бара дури 99.900 долари. Уште на прв поглед е јасно дека е претерано бидејќи толку голем раст на вредноста во така кратко време не е реално да се очекува.

Што се однесува до автомобилот иако имаше една од главните улоги во филмот, не може да се пофали со спектакуларни перформански. Има 2-литарски турбобензинец, погон на предните тркала, додека менувачот е со четири степени и автоматски.

Во однос на надворешниот изглед оваа Volkswagen Jetta е класичен пример на тунинг школата од почетокот на 21 век.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK